X
 20.05.2019 Живот

Во Женева ќе се казнуваат возачите на пребучни автомобили

Политичари од Женева планираат да воведат казни за возачи на пребучни автомобили кои полицијата ќе ги „лови“ на радари за бучава, објави германското списание „Аутобилд“.

Женевското градско собрание има намера до средината на оваа година да прогласи задолжително ниво на бучава на автомобилите, камионите и моторите.

Активисти повикуваат градските власти да ограничат бучава на 80 децибели, што е колку и ниво на бучава од машина за перење алишта. И неколку други градови се борат против преголемата бучава во сообраќајот, но тоа го прават со ограничување на брзината.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот