Можеби Париз е за љубовници, но на 27 септември, францускиот главен град ќе биде и град на пешаците, велосипедистите и другите патници кои нема да користат автомобили.
Имено, спонзорирано локалните власти, на 27 септември градот ќе остане без ниту еден автомобил што ќе биде вистински пешачки и велосипедски рај. На тој начин, жителите на градот ќе можат да уживаат во Париз без гужва во сообраќајот, и без мирисот на автомобилските гасови.
Градоначалничката на Париз Ан Идалго го најави настанот оваа пролет, твитајќи фотографија од најпознатата авенија „Avenue des Champs-Élysées“, на која нема ниту еден автомобил.
Експериментот на Париз без автомобили е поттикнат од главниот град на Шведска, Стокхолм кој имаше слична кампања. Иако еден ден не значи ништо за загадувањето на воздухот, сепак ова е еден начин на демонстрација за борба против ефектите од загадувањето на воздухот, како и начин туристите и жителите да го доживеат градот во сосема поинакво светло.