X
 24.03.2021 Живот

Јужна Кореја обоила два острова во виолетова боја за да привлече туристи. Иницијативата била успешна

Виолетовата боја е сеприсутна на два острова во Јужна Кореја. Може да ја видите на покриви од куќите, на телефонски говорници, па дури и на мостот што ги поврзува островите Банвол и Бакџи. Локалните жители често носат облека во оваа боја, а истата боја ја носат и туристите, кои се привлечени да ги посетат островите токму поради бојата.



Владата на Јужна Кореја ја започнала иницијативата за претворање на островите во туристичка дестинација во 2015 г. На островите не се дозволени автомобили и до нив може да стигнете само пеш или со велосипед. Влезот на островите се наплаќа, но има попуст доколку носите виолетово.

Целта на иницијативата била да се создаде туристичка атракција, а инспирација за бојата било виолетово цвеќе што расте на островите. Во рамките на иницијативата 400 покриви биле обоени во виолетова боја.



Државата инвестирала над 4,25 милиони долари за иницијативата, а се чини дека идејата била успешна бидејќи секоја година на островите доаѓаат сè повеќе туристи. Од 2018 година над 490.000 луѓе ги посетиле островите. Само од јуни до август минатата година островите примиле над 100.000 туристи.



На двата острова живеат околу 150 луѓе, од кои повеќето се сточари.

Автор: Лина Батарагс
Извор: insider.com
Фото: Instagram
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот