Фото: Getty Images
Трета година по ред милениумците што учествувале во истражување спроведено од Светскиот економски форум за глобалните ризици веруваат дека климатските промени се најголемиот проблем на денешницата.
Речиси половина од испитаниците (48,8 отсто) истакнуваат дека најмногу се грижат за климатските промени, а 78 отсто од нив наведуваат дека би прифатиле да го променат начинот на својот живот за да ја заштитат животната средина.
Испитаниците исто така се едногласни за причините за климатските промени. Над 91 отсто од испитаниците се согласуваат со констатацијата дека луѓето се одговорни за климатските промени.
И покрај лошата состојба во која денес се наоѓа светот и покрај стереотипите дека милениумците се себични и апатични, младите помеѓу 18 и 35 години се грижат за глобалните прашања и се одлучни да ги решат.
Според нивното мислење, ова се 10. најголеми проблеми на
денешницата:
10. Недостиг на можности за вработување (12,1 отсто)
9. Сигурност и безбедност (14,1 отсто)
8. Недостиг на образование (15,9 отсто)
7. Безбедност на храна и вода (18,2 отсто)
6. Одговорност и транспарентност на владата/корупција (22,7 отсто)
5. Религиски конфликти (23,9 отсто)
4. Сиромаштија (29,2 отсто)
3. Нееднаквост и дискриминација (30,8 отсто)
2. Војна (38,9 отсто)
1. Климатски промени/уништување на природата (48,8 отсто)