X
 18.10.2021 Култура

Олга Панкина ја доби наградата „Златен витез“ за најдобар превод

Олга Панкина се закити со престижната награда „Златен витез“ во категоријата најдобар превод што се доделува на истоимениот Меѓународен книжевен форум во Русија. На 12. издание на оваа голема меѓународна манифестација се доделуваат награди за повеќе уметнички области. За номинација за литература оваа година пристигнале над 400 дела.

Според Панкина, преведувачкиот труд е често помалку забележлив, но не е помалку важен и тежок од писателскиот. Со преведувачката активност таа придонесува за популаризација на македонската книжевност на руските простори. Инаку, во 2017 година Ристо Никовски ја доби наградата „Златен витез“ во номинацијата „Публицистика“, а во 2018 година Влада Урошевиќ беше награден за својата поезија. Овие две дела, исто така, беа  во превод на Олга Панкина.

фото: Издавачкиот совет на руската православна црква

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура