X
 10.03.2020 Живот

Комисијата за заразни болести бара затворање на градинките, училиштата и факултетите на 2 недели?

Комисијата за заразни болести ги заострува мерките и ги упатува сите основни, средни и високообразовни институции, како и детските градинки, да запрат со одвивање на наставно-образовниот процес во наредните 14 дена, според записникот до кој дојде нашата редакција, а кој веќе се шири по училиштата.

Официјално, одлуката за денешната седница на комисијата се очекува да ја каже министерот за здравство Венко Филипче на закажаната прес-конференција во 14 часот.
Во записникот од комисијата стои и дека се забрануваат сите масовни собири на отворено и затворено, сите културни настани на ниво на државата, а спортските настани да се организираат без публика.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот