X
 10.03.2021 Живот

Најстариот албатрос во светот испили пиле на 70 години

На 70-годишна возраст, албатросот Виздом успеа да изведе уште едно пиле.

Виздом се смета за најстарата позната дива птица во историјата, која ги надживеала претходните партнери за размножување, како и биологот Чендлер Робинс, со кој првпат се здружила во 1956 година.

Виздом го изведе пилето на 1 февруари во националното засолниште за диви животни „Мидвеј Атол“ во Северниот Пацифик, каде шт веќе еден милион албатроси се враќаат да се парат секоја година.

Долгогодишниот партнер на Виздом, Акеакамаи, со кој беа заедно од 2010 година, му е татко на пилето. Американската служба за риби и диви животни вели дека албатросите ги наоѓаат своите партнери преку „забави за танцување“.

- Веруваме дека Виздом имала и други партнери за парење - вели д-р Бет Флинт од организацијата.

- Иако албатросите наоѓаат еден партнер за цел живот, доколку е потребно, можат да најдат и други партнери, ако на пример го надживеат својот прв партнер - додава тој.

- Бидејќи таа положува јајца на секои две години, меѓународната заедница за птици со нетрпение очекуваше да види дали таа е во можност да испили пиле. Шансите се толку против, што секогаш кога ќе излезе пиле, тоа е причина за славење - вели Шон Дули, национален менаџер од „Брдлајф Аустралија“.

Дули вели дека освен што бавно се размножуваат, риболовот и другите индустрии им нанеле огромна штета на морските птици како што е албатросот. Тој додава дека климатските промени влијаат врз птиците како Виздом.

Виздом е дел од едно од најстарите истражувања за птиците.

- Секоја година кога Виздом се враќа, ние учиме повеќе за тоа колку морските птици можат да живеат и да одгледуваат пилиња - вели Флинт.

Освен албатросите, и папагалите се животни што живеат долго, особено какадуите.

- Во заробеништво, какадуите можат да доживеат 100 години. Дури и во дивината се очекува да имаат животен век од најмалку 30 до 40 години, ако не и повеќе - вели Дули.

Извор: The Guardian
Фото: Madalyn Riley/USFWS Pacific Region
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот