X
 21.06.2022 Живот

Ова е најстарата оптичка илузија во светот

Оптичките илузии се интернет-сензација. Можеме со часови да ги анализираме, а некои од најдобрите оптички илузии собираат илјадници прегледи. Но, иако во моментов се најпопуларни на интернет, не се баш нов феномен.

Со децении уметниците и психолозите си поигруваа со слики што можат да го измамат нашиот мозок или кои можат да се толкуваат на различни начини. Но, ниту една од оптичките илузии што ги видовме досега не датира толку одамна како оваа: толку стара што е издлабена на камен.

Храмот Аираватесвара е хинду место за богослужба во Кумбаконам, во јужноиндиската држава Тамил Наду. Тоа е скапоцен камен на династијата Чола од пред 900 години. И меѓу неговата неверојатна архитектура од 12 век и врежаните украси на коли и аватари, има и една оптичка илузија: го прикажува она што изгледа како две споени суштества со една глава. Но, кое животно го гледате?

Ако се фокусирате на суштеството од десната страна, треба да видите слон, додека ако ги покриете телото и нозете на слонот, животното од левата страна е бик кој гледа кон небото. И бикот и слонот се дел од хинду верата.

Импресионирани сме од многу оптички илузии што ги видовме создадени дигитално, користејќи модерен софтвер, но фактот дека толку одамна занаетчиите издлабиле оптичка илузија во камен е фасцинантен. Се чини дека дури и пред повеќе од осум века луѓето сакале да гледаат слики што го „мамат“ мозокот.

Исто како и со многу од нашите современи оптички илузии, и оваа има своја народна психологија. Така, животното што го гледате прво кажува многу за вашата личност. Ако прво го забележите бикот, вие сте тврдоглави, жестоки и жилави во тешки ситуации. Ако прво го забележите слонот, тоа значи дека сте љубезни, внимателни и лојални на пријателите и на семејството.

Извор: Creativebloq.com
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот