Бенд од Харков, еден од најтешко погодените градови во Украина во војната со Русија, секојдневно врши пренос од настапи во своето засолниште. Фронтменот на бендот, Алекс, ја раскажал својата приказна за Би-би-си. Тој го покажал местото на кое некогаш се наоѓала неговата куќа, а неодамна била разнесена.
Тој и неговите колеги сега се кријат во своето подрумско студио кое било претворено во засолниште, кое го делат и со други луѓе.
- Имаме подрум од 160 квадратни метри кој стана засолниште за група луѓе. Драго ми е што можевме да им пружиме засолниште - изјавил Алекс.
Бендот одржува настапи во живот за да ја поддржи земјата. Последното видео било објавено во средата. Во коментарите луѓето пишуваат дека музиката на бендот помага за подигнување на духот во ова време.
Истовремено, тие планираат да започнат да прават „молотови коктели“ во просторот од подрумот кој сега им служи како кујна.
- Не се даваме. Ќе се бориме и не планираме да се предадеме. Се уморивме од тоа да живееме под константен терор. Слава на Украина и нашите херои - изјавил Алекс.
Извори:
Klix |
BBC
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)