X
 25.11.2016 Култура

Лустрација на украински начин


Апсолвентка - директорка на службата за лустрација во Украина

Министерството за правосудство на Украина ја назначи 23-годишната апсолвентка на правни науки, Ана Калинчук, да ја води кампањата за чистење на јавната управа од државните службеници кои биле вмешани во коруптивни скандали, пишува Гардијан.

Лустрацијата беше едно од клучните барања на протестите во Украина кои кулминираа со оставка од функцијата и бегство од земјата на тогашниот претседател Виктор Јанукович, во февруари 2014 година.
Министерот за правосудство, Павло Петренко, во средата даде изјава дека Калинчук е именувана на чело на службата за лустрација заради своите заслуги, но не појасни за какви заслуги станува збор.

Минатата недела  украинскиот министер за внатрешни работи, Арсен Аваков, се најде во непријатна ситуација, откако ја постави младата Калинчук на позиција на негов заменик. Тој е обвинет дека ја промивира својата штитеничка која на интернет ги поставила своите разголени фотографии.

Именувањето на млади кандидати без искуство доаѓа по оставките на познатите политичари реформисти.

„Политиката во Украина сè повеќе наликува на циркуз каде кловновите на важни позиции ги наследуваат фрустрираните професионалци“, истакна во средата Вадим Карасјов, независен политички аналитичар од Киев.

„Оставките на високорангираните професионалци и новите именувања праќаат лоша порака и кон украинското општество и кон краинските партнери од Запад, кои очекуваат поинакви резултати од реформите во нашата држава“, додаде Карасјов.

Аваков истакна дека именувањето на неговата заменичка е одобрено од неколку високопозиционирани украински службеници, но Ирина Герашченко, советничката на претседателот Петар Порошенко, вели дека тоа не е вистина.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура