X
 15.02.2021 Живот

Необичните плочи во кои се крие приказната за љубовта кон музиката

Во Русија, по Втората светска војна, Сталин забранил секаква западна музика.

Сите плочи што биле дозволени во земјата требало да бидат од руски композитори. Но, имало многу луѓе што биле гладни за западната популарна музика - џез, блуз и рокенрол. Шверцот на  винил плочи бил опасен, а добивањето материјали за да се направат копии од плочите што некако влегле во земјата било скапо и многу ризично.

Генијалното решение за овој проблем почнало да се појавува во форма на „музика за коски“ или понекогаш наречена музика за „коски и ребра“ (bones 'n'ribs по примерот на rock 'n' roll) или едноставно „ребра“.

Младиот 19-годишен инженер за звук Руслан Богословски од Ленинград ги сменил правилата на играта со тоа што направил уред за копирање на западните албуми што потоа може да се дистрибуираат низ цела Русија. Проблемот бил во тоа што тој не можел да најде материјал на кој би можела да се копира музиката затоа што било тешко да се добие винилот, како и сите нафтени производи по војната.

ploci

Еден ден случајно наишол на куп фрлени рендген-снимки. Во тоа време рускиот закон наложувал сите рендген-снимки да бидат уништени по една година чување бидејќи биле запаливи, па младиот инженер копал по кантите за ѓубре и им плаќал на чистачите за рендген-снимки. Во период од 20 години рачно направил околу 1.000.000 копии на ренден-снимки. Имало секаква музика, од класика до „Бич бојс“. На крајот одлежал пет години во затвор во Сибир токму поради ова дело.

Повеќе од 20 години „Bone Music“ бил единствениот начин на кој љубителите на музиката можеле да дојдат до западната музика, која ја пуштале на музички забави и забави со кафе во своите домови, далеку од ушите и очите на КГБ.

Фотографијата ја покажува винил-копијата на индиската песна „Avaara“ направена на рендген-снимка од граден кош. Веројатно копијата била создадена во 1951 година. Секоја плоча била рачно изработена и уникатна.

„Bone Music“ ја потврдува храброста да се поткопа авторитетот, во име на љубовта кон музиката. Духот на рокенролот.

Извор: Facebook
Фото: Facebook
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот