X
 14.04.2024 Наука

Ова е песната што најмногу релаксира, според науката

Методите за намалување на анксиозноста се широка област и секогаш треба да разговарате со здравствен работник за да одредите кој метод ќе функционира за вас. Но, што ако постои начин да се олесни умот без никакви лекови или несакани ефекти?

Според лиценцираниот клинички психолог Џенифер Тајц, автор на книгата „Ресетирање на стресот: Како да ги смирите вашето тело и ум за неколку минути“, една песна се покажа како ефективна во смирувањето на анксиозноста.

Во традиционалното болничко опкружување, лековите често се првата линија на одбрана против анксиозноста. Ова има смисла со оглед на плејадата студии и испитувања кои ја поддржуваат нивната безбедност и ефикасност.

Сепак, истражувачите од Одделот за анестезиологија и критична нега на Универзитетот во Пенсилванија сакаа да видат дали музиката може да биде достојна замена. Поточно, тие ги споредиле ефектите на лековите со релаксирачка песна за смирување на умот, пред медицинска процедура.

Песната користена во студијата од 2019 година, која била објавена во Британскиот медицински журнал, е Weightless од Маркони Јунион. Половина од пациентите во експериментот користеле слушалки на кои ја слушале оваа песна, додека другата половина од групата добила лек бензодиазепин за смирување на емоциите.

- Интересно е што песната имаше слични ефекти како бензодиазепин, но, се разбира, песните немаат несакани ефекти. Ова ни покажува дека пристапот наречен „повеќе е повеќе“ за ослободување од стрес е погрешен. Интересно е што сме неверојатно издржливи, а нашите сетила се неверојатни. Тие имаат толку многу моќ - истакнала д-р Тајц.

Песната на Маркони Јунион може да се најде на повеќето платформи за стриминг, па пуштете ја следниот пат кога ќе бидете под стрес. Но, знајте дека ова е само една од многуте опции за олеснување на анксиозноста и можеби нема да функционира за секого.

Можеби ќе бидат потребни неколку обиди и грешки за да откриете која музика ви помага да се смирите. Можеби тоа се релаксирачки класични мелодии, антички мантри или само возбудливи и познати песни што веќе ги сакате.

Музичката терапија за анксиозност е докажано успешна во клиничките испитувања, па зошто да не ја пробате? Можете да слушате смирувачки мелодии секој ден или да ги чувате вашите омилени песни на плејлиста, подготвени за слушање секогаш кога ќе почувствувате дека сте под стрес.

Извор: 24sedam.rs

Фото: Pexels

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука