Најновата стартап-компанија на Илон Маск - „Неуралинк“ се подготвува за откривање на своите производи, на 28 август. Во меѓувреме, Маск откри неколку детали за новиот неврокомпјутерски интерфејс на компанијата.
Тој на „Твитер“ откри дека еден ден би можеле да слушаме музика директно преку таков интерфејс, без потреба од слушалки. Музиката би се пренесувала директно во мозокот.
Сè уште малку се знае за она на што работи „Неуралинк“. Најмногу дознавме на презентацијата во 2019 во која компанијата покажа уред кој се врзува со
мозокот преку дупки во черепот исечени со ласер.
Ваквите уреди би можеле да ги поправаат нервните врски кај лицата што имаат мозочни нарушувања, како Паркинсонова болест. Сè уште не е јасно како овие уреди би стигнале до мозокот без да се оштетат увото и други нерви.
Но Маск веќе размислува за поголема примена на овие уреди. Кога бил прашан дали уредите на „Неуралинк“ би можеле да го симулираат лачењето на окситоцин, серотонин и други хемикалии кога е потребно, Маск одговорил потврдно.
Автор: Виктор Тенгерман
Извор:
futurism.com
Насловна фотографија: YouTube