Замислени се да ги предизвикаат децата на размислување и на слатки маки, но и на радости по успешното решавање. Многу деца нема да успеат да ги решат сите загадочни приказни на најпродаваниот автор за деца во Србија, Урош Петровиќ, но едно е сигурно – дружејќи се со ова четиво, ќе научат и засекогаш ќе запомнат многу корисни нешта.
„Загадочни приказни“ на македонски јазик, издание на Либи, дел од „Арс Ламина-публикации“, беше промовирана на Саемот на книгата во Скопје, а Петровиќ одржа и едукативни работилници со деца и родители.
Гостин беше и во просториите на
Деца.мк каде сподели многу интересни искуства од работата со деца за што ќе читате во наредните денови.
Една негова задача вели: „Мудрецот прашува што е тоа што кога ќе го свртиш да стои на глава, губи една третина од себе?“
Одговорот се крие
ОВДE