Данската архитектонска фирма „Тредје натур“ направи нов план, за простор од 40 хектари, за вториот најзначаен град во Норвешка, Берген. Визијата е да му се даде нов живот на старото логистичко пристаниште и терминал за траекти.
Планот на фирмата е градот да произведува нула емисии на јаглерод и да биде фокусиран на заедничка економија за заедницата, обновливи градежни материјали и стратегии за адаптација на климата. Предлогот ја нагласува врската на Берген со фјордовите, природата и историјата.
Се воведува нов, иновативен климатски пејзаж базиран на уникатните јавни простори.
- Проектот ќе обезбеди силна врска со постојните квалитети на урбаниот простор и ќе ги поврзува
локациите што се карактеристични за Берген - велат од фирмата.
Вториот елемент ќе го поврзува природниот брег со околните зелени површини. Резултатот е голем, зелен и јавно достапен урбанистички простор.
Предлогот ќе се фокусира на три клучни објекти: „Морскиот кварт“ каде што се наоѓа Институтот за морски истражувања, Дирекцијата за риболов и новиот аквариум. Планот ги опфаќа и историските норвешки села во близина.
Фотографии: Real Polygons, Tredje Natur