Светот се соочува со проблеми поврзани со климатските промени, а некои земји веќе преземаат мерки за да се заштитат од растечкото морско ниво.
Градот Бусан во Јужна Кореја, во соработка со програмата за човечко населување на Обединетите нации и компанијата „Оушникс“, го претставил прототипот за првиот одржлив пловечки град во светот. Градот на вода треба да користи нова технологија за крајбрежни градови кои се соочуваат со растечкото ниво на морето поради глобалното затоплување.
Градот треба да расте заедно со морското ниво и во него ќе се произведува храна, вода и електрична енергија со соларни панели.
Населбите во градот ќе бидат поврзани, а на почетокот во него ќе може да живеат 12.000 луѓе на три платформи. Градот може да се проширува до над 20 платформи со текот на времето.
Извор:
Interesting engineering
Насловна фотографија:
Oceanix City