X
 20.03.2017 Образование

Се намалува бројот на ученици во Македонија

Македонија во изминативе две години доживеа тренд на опаѓање на бројот на учениците во училиштата.

deca

Имено, според најновите податоци од Државниот завод за статистика, на крајот на учебната 2015/16 година, бројот на учениците во редовните училишта бил 185.119, што претставува намалување за 1.7% во однос на претходната учебна година, кога имало 188.361 ученик.

Во редовните средни училишта, бројот на учениците во 2015/16 година бил 77.625 што претставува намалување за 5.1% во однос на претходната учебна година, кога имало 81.788 ученици.

Интересно е што и покрај тоа што бројот на ученици се намалил, во 2015/16 година во редовните основни училишта се зголемил бројот на наставници. Во 2014/15 година имало 17.664 наставници во редовните основни училишта, додека во 2015/16 имало 17.791 година.

Целосниот извештај можете да го добиете ТУКА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование