X
 16.08.2018 Забава

Луѓето упорно паѓаат на оваа аеродромска шега

На повеќето патници што често се на аеродромите им е познато очајното сценарио на терминалите - батеријата од телефонот или од таблетот е празна, така што патниците се обидуваат да најдат најблизок штекер за струја надевајќи се дека уредот барем малку ќе се наполни пред да се качат на авион.

За овие патници, овие штекери се како оаза во сува пустина: ретки и неопходни.

За жал, постојат луѓе што сакаат да ја искористат маката на другите и малку да се пошегуваат со нив. Така, најновата шега што луѓето почнаа да ја прават на аеродромите е поставување стикери од штекери на аеродромите, гледајќи ги луѓето како се обидуваат и не успеваат да ги стават нивните полначи.

Стикерите се толку реалистични, што луѓето упорно паѓаат на овој трик, повторно и повторно. Ова се случува на аеродромите низ целиот свет.

- Кој и да го поставил овој лажен стикер од штекер на аеродромот, сега ми е непријател за цел живот - напиша една личност на „Твитер“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава