X
 24.01.2018 Живот

Луѓето ја проценуваат вашата интелигенција врз основа на една работа

луѓе
Фото: Pixabay

Може да боли кога луѓето ве перципираат како помалку интелигентни, особено ако не сте имале можност да го покажете вашиот интелект. Тоа може да биде социјално незгодно, но може и да има голем проблем кога станува збор за вашата кариера.

Што одредува дали некој ќе ве перципира како интелигентна личност на прв поглед? Доколку прашате личност на улица, веројатно ќе ги истакне изгледот и комуникациските вештини како главни фактори. Но науката покажува нешто друго.

Во едно истражување студенти од Универзитетот во Чикаго биле снимани додека давале изјави на прашањето зошто мислат дека баш тие треба да ја добијат работата. Потенцијалните работодавци и професионалните посредници во вработувањето тогаш добиле три опции: да го погледнат видеото, да слушнат видеозапис или да прочитаат транскрипт.

Еве што заклучиле истражувачите:

„Овие евалуатори ги оценија кандидатите како многу покомпетентни, промислени и поинтелигентни кога слушнале звук отколку кога ги читале одговорите, што резултирало со тоа да имаат многу подобар впечаток за кандидатот и биле позаинтересирани за вработување на тој кандидат. Додавањето на гласот на напишаниот текст, и тоа на начин на кој го прочитале професионални глумци или нетренирани возрасни, произвело исти резултати. Додавањето визуелно доживување на звукот не ги променило резултатите од процената на кандидатите. За презентирање на нечиј интелект, многу е важно да се слушне гласот на личноста“.

Причината од овој заклучок е поврзана со човечката еволуција; нашите гласови се алати што се внимателно проценети во комуникацијата. Во текстот се губат паралингвистичките линии што овозможуваат важни информации за интелигенцијата на говорителот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот