Пред извесно време режисерот Драган Бјелогрлиќ гостуваше во емисијата „Впечаток на неделата“ каде што уште еднаш ги коментираше состојбите во општеството, а се осврна и на критиките што постојано ги добива дека нема право да се буни бидејќи е финансиски обезбеден.
- Каква е таа дефиниција и од која позиција ние го дефинираме тоа дека материјалната обезбеденост е потребна за еден човек да е среќен?
Како јас можам да бидам среќен човек во едно несреќно општество? Како? Моите деца треба да растат и да живеат во истото тоа несреќно општество. И сега јас треба, бидејќи сум задоволен, да молчам и да си ја гледам работата? Дали таква порака треба да им испратиме? Каква е таа порака: „Ти имаш, а се буниш?“ А зошто не би имал ако сум заработил? Или: „Ти дадовме да работиш - сега молчи“. Прво, не ми дадовте да работам, се изборив за своето право за работа и чесно и најдобро што можам си ја работам мојата работа, и фала му на Бога, затоа имам резултати. Кому треба да му бидам благодарен? А својата благодарност треба да ја искажам со моето молчење и со тоа што нема да се бунам. Тоа е толку откачено и болно што никој не го поставува тоа прашање. Какви аршини се тоа? Можат да се бунат само оние што немаат? Животната среќа и животниот успех се мерат со материјалните средства. Тоа е сосема погрешно и катастрофално.
Извор:
Twitter
Фото: Twitter/Screenshot