X
 10.06.2018 Наука

Како да знаете колку далеку ќе удри гром?

Веројатно го правите тоа. Тоа може да биде вкоренето уште кога сте биле дете и сега е речиси автоматски. Ќе видите молња и веднаш ќе почнете да ги броите секундите додека не згрми.

Но, дали броењето навистина ви дава добра процена за тоа колку е далеку молњата? Дали е ова една бабина деветина или се базира на наука? Во овој случај треба да ѝ се заблагодариме на физиката за оваа брза, лесна и прилично точна пресметка.

Значи, што се случува кога има голема бура?

Молњата што ја гледате е празнење на електрична енергија. Громот што го слушате е брзата експанзија на воздухот како одговор на интензивната топлина на молњата.

Ако сте навистина блиску до молња, ќе го видите и ќе го слушнете громот истовремено. Но, кога е далеку, го гледате и слушате настанот во различни периоди. Тоа е затоа што светлината патува многу побрзо од звукот.

Кога набљудувате некој настан на Земјата, нештата ги гледате речиси веднаш штом ќе се случат - брзината на светлината е толку голема што дури и не можете да го откриете времето на патување. Брзината на звукот е многу помала, што ни дава време да направиме пресметка.

Ајде да ја поедноставиме равенката на брзината: Звукот патува со нешто повеќе од 700 милји на час, или 700 милји за 3.600 секунди. Тоа значи 7 поминати милји на секои 36 секунди. Да заокружиме на 35 секунди или една милја на секои пет секунди. Бројте до пет: Ако слушнете грмотевица, громот удрил на околу една милја.

Грмотевица може да се слушне на оддалеченост и до 25 милји, а удари од гром имаат удирано и до 25 милји од бурата. Значи, ако слушнете грмежи, вие сте доволно блиску за да бидете погодени од гром и засолнувањето во затворен простор е најбезбедното нешто што можете да го направите.

И не сметајте на тоа дека молњата не удира двапати на исто место. Тоа е погрешно. На пример, врвот на Емпајер стејт билдинг 23 пати годишно бил погодуван од гром.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука