Осум квадрати во срцето на Париз е веројатно сѐ што ни е потребно за среќа.
На снимката од овој стан може да се види колку сѐ во него е совршено функционално и спакувано да делува речиси хипнотизирачки. Со малку фантазија, овој успешен проект наиде на одобрување од луѓе од целиот свет, а особено од оние кои се занимаваат со уредување на ентериери, кои се воодушевени од деталите.
Имено, на снимката е прикажано како собата од осум квадрати се претвора во простор за живеење кој е многу функционален и има сѐ што еден дом треба да има.
Проектантскиот тим успеал да го направи тоа благодарение на модуларниот мебел.
Како што се наведува во самата снимка, станува збор за најверојатно најмалиот стан во градот на светлината, но кому му треба повеќе од
ова?