На дури седум меѓународни фестивали ќе учествува филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на режисерката Теона Стругар-Митевска. Проследен со одлични критики и оцени од публиката, во Франција филмот досега го видоа 32.000 луѓе и во неверојатната седма недела на дистрибуција ќе се прикажува во 56 киносали.
Во текот на летните месеци промоцијата на филмот низ светот се одвива во силен ритам собирајќи нови признанија од селекција на престижни фестивали до ексклузивни прикажувања и започнување на кинодистрибуција во многу земји. Во јуни Петрунија патува на седум фестивали нив целиот свет. Започнувајќи со проекеција на „Кино Изола“ во Словенија, кое беше придружено со предавањето од Даниел Хочевар, кој е копродуцент на филмот, за начинот на кој е создаден филмот со пет земји во копродукцијата.
Оттаму, „Петрунија“ продолжува на Арт филмскиот фестивал во Словачка од 14 до 22 јуни. На престижниот Филмскиот фестивал во Сиднеј заедно со тамошниот австралиски дистибутер („Palace“) ќе биде прикажан на 14 и 15 јуни во исклучителната главна конкуренција заедно со мајсторите на денешната кинематографија, како најновиот филм на Алмодовар и Канскиот победник „Паразит“.
На истиот фестивал, Стругар-Митевска ќе биде член на жирито за краткометражен филм. На 29 јуни, филмот ќе биде прикажен на Еденбург филмскиот фестивал, а потоа следува Интернационалниот филмски фестивал каде ќе биде прикажан на 28 и 29 јуни во главната конкуренција. Во јули и во август ќе следува кинодистибуцијата во Белгија.
Во јуни „Петунија“ ќе биде прикажан на уште еден фестивал во Германија, овој пат во Манхајм, од каде дистибутерот ја подготвува кинодистрибуцијата во оваа земја за есен.
„Петрунија“ ќе биде и дел од најголемиот студенски фестивал во светот во Тел Авив. Теона Стругар-Митевска е поканета од фестивалот да одржи мастер-клас на филмските студенти во Израел и во нејзина чест тие прават и ретроспоектива на нејзините филмови најавувајќи ја како „авангарден филмски творец и централна фигура во надоаѓачкиот пост-југословенски нов бран”.
Меѓу останатите филмски дејци кои одржале мастер- класови на овој фестивал во минатото се и Тарантино, Ханеке, браќата Дарден, Алмодовар.