Пролетта е еден од најважните периоди за Словените, бидејќи е симбол за раѓање на нов живот. Старите Словени имале многу
празници и фестивали за време на пролетта, како и ритуали кои ги спроведувале.
Најголемиот празник за Старите Словени бил „Масленица“. Се одржувал на пролетната рамноденица, а за тој феномен Словените имале различни верувања и објаснувања. Според нив, на тој ден силите на доброто и злото биле еднакви, но светлината на Сонцето се засилувала, па согласно со тоа се зголемувала и силата на плодноста и целокупната енергија на природата.
Што се однесува до 1 Мај, кај Словените на тој ден се упатувале во природата и го славеле обединувањето со животната средина, како и враќањето кон корените.
Друг важен датум е „Стриненија“ – денот кога луѓето изработувале мали садови во кои чувале мед и накит. Девојките ги носеле садовите со себе околу селоата и во шумата ја повикувале божицата Весна за да се појави и да им донесе нов живот во нивното племе.
Исто така, се славеле и празници посветени на мртвите како „Радуница“. На тој ден оделе на гробишта, па на предците им нуделе храна. На крајот од посетата, оставале јајце за покојникот. Денеска тој празник се нарекува „Задушница“. Значењето на јајцето е огромно бидејќи означува раѓање и воскресение.
7 или 8 недели по рамноденицата, се славел празникот „Русалке“. Тоа се всушност женски духови кои живеат во местата под вода. За време на тој период тие и оставаат своите водени територии и се упатуваат во шума. Секое женско лице од селото се упатува во шумата и земаат гранка од бреза. Верувале дека секој од духовите има по една бреза во шумата. Девојките му носеле цвеќе, јајца и храна на својот избраник, а гранката од бреза не смеел да ја допре ниеден маж од селото.
Денешните ритуали на Балканот, исто така подразбираат фестивали на кои младите девојки се упатуваат во шума и избираат различни видови на цвеќиња, растенија и ги употребуваат за капење. Се верува дека тие гранки ќе им го подобрат здравјето и ќе им ја зачуваат убавината.