Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар-Митевска доби уште награда на меѓународен фестивал, овој пат во Оренбург, Русија.
Како што соопшти продукцијата „Сестри и брат Митевски“, на тамошниот Меѓународен филмски фестивал „Исток и Запад – класика и авангарда“, кој се одржа по 12. пат од 23 до 28 август, доделена е наградата „Златен сарматски лав“ за главна женска улога на Зорица Нушева, која во филмот ја игра насловната улога (Петрунија)
- Ова е второ директно признание за извонредната глума на нашата актерка и веќе единаесетта награда за филмот на меѓународната сцена - информира продукцијата.
Извор: МИА