X
 10.06.2020 Економија

Малта ќе им дава по 100 евра на сите лица постари од 16 години

Сите жители на Малта постари од 16 години ќе добијат ваучери во вредност од 100 евра како дел од напорите на тамошната влада за заживување на јавното трошење и консумација.

Мерката е дел од владиниот план за економска ревитализација додека Малта почнува да закрепнува од пандемијата на Ковид-19.

Ваучерите, кои ќе бидат поделени на пет ваучери по 20 евра, ќе им бидат испратени на примателите по пошта.

Луѓето ќе можат да искористат 80 од стоте евра на места како ресторани и барови, додека останатите 20 евра може да ги трошат во продавниците што се отворија неодамна.

Мерката е една од многуте најави на владата додека земјата преминува во фаза на економско закрепнување од ефектите од пандемијата на Ковид-19.

Извор и насловна фотографија: Malta Business Weekly
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија