X
 10.06.2023 Образование

Младите жени во ЕУ ги надминуваат мажите во високото образование

Податоци од „Евростат“ покажуваат дека 48 отсто од жените на возраст од 25 до 34 години во ЕУ имале универзитетска диплома во 2022 година. Кај мажите процентот изнесувал 37 отсто.

Податоците покажуваат и дека 42 отсто од населението на ЕУ има високо образование, што е зголемување во споредба со 2021 година кога 41 отсто од жителите имале универзитетска диплома.

Гледано по земји, Ирска има најголем процент на млади жители со диплома - 62. Следуваат Луксембург со 61 отсто, Кипар со 59 отсто, Литванија со 58 отсто и Холандија со 56 отсто.

Романија и Италија имаат најмалку млади жители со универзитетска диплома, со 25 и 29 отсто, соодветно.

Извор: Erudera
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование