Тешко е да се сака понеделникот. Денот го одбележува крајот на забавата и слободата која доаѓа со викендот и ова е особено точно за време на летниот период, кога обичните саботи и недели имаат одредени вибрации на безгрижен одмор.
Дури и ако си ја сакате работата, гневот што морате да се вратите во понеделник на работа може да ве остави неорганизирани.
Но, понеделникот ќе се случи, без разлика на тоа дали сакате или не. Клучот е да усвоите неколку паметни навики во недела за да воспоставите подобра, поефикасна работна недела. Овие совети ќе ви помогнат да го направите токму тоа.
1. „Украдете“ еден час за да се организирате
Потребен ви е само еден час во недела за да ги организирате сите активности и задачи кои треба да ги направите во текот на неделата. На тој начин ќе си помогнете себеси и ќе ја намалите загриженоста. Проверете го календарот, испратете некоја белешка на меил или направете листа со приоритетни задачи кои треба да ги направите во понеделник наутро.
„Во недела треба да имате три избалансирани вкусни оброци, а секој од нив треба да содржи протеини и сложени јаглехидрати за да ви даде постојана енергија“, вели Кристин М. Ален, психолог, извршен директор и тренер.
2. Јадете здрава храна
Доколку консумирате богата, тешка храна и алкохол во недела, тогаш вие ќе паднете во таканаречена „кома на храна“ која ќе ве остави летаргични во понеделник наутро.
Потребно е да имате три балансирани вкусни оброци во недела, и секој од нив треба да содржи протеини и сложени јаглехидрати кои ќе ви дадат постојана енергија. Исто така, треба да консумирате доста овошје богато со растителни влакна и зеленчук, за да му помогнете на варењето на храната и да имате чувство дека сте најадени. Запомнете дека треба да ги прескокнете коктелите и алкохолот и наместо нив да се одлучите за вода. Алкохолот дехидрира и тоа доведува до ментална магла и го зголемува стресот.
3. Дајте му значење на денот
Нема да ви судиме ако неделата сакате да ја поминете лежејќи на каучот гледајќи „Game of thrones“. Меѓутоа доколку сакате понеделникот да ви биде посветол, тогаш недела треба да биде ден кога ќе правите нешто
активно кое лично ќе ве исполнува како на пример прошетка во природата или шетање на кучето.
Сите ние имаме работи кои сакаме да ги правиме во текот на викендот, меѓутоа постои нешто што е навистина вредно за вас и кое ве поврзува со луѓето што ги сакате. Закажете јога со пријателите - сето ова ќе му даде значење на денот и во понеделник ќе се почувствувате исполнети и полни со инспирација.
4. Концентрирајте се на позитивното
Гужва во сообраќајот, нерасположени колеги, лошо кафе - сето ова може да го означува почетокот на работната недела и може да придонесе бескраен круг на мали неприлики. Наместо да се нервирате, фокусирајте се на позитивните работи кои можат да се случат кога ќе се вратите во канцеларијата. Можеби ќе имате можност да ги воодушевите новите клиенти со нови идеи.
5. Забавувајте се
Доколку сакате да се опуштите пред понеделничкиот ден, добро би било да се одлучите да играте некоја игра - монопол, покер, на буквата на буквата и слично. Игррите и хобијата како и слични креативни активности го стимулираат креативното размислување, ја охрабруваат продуктивноста и ви ја подобруваат самодовербата.
6. Имајте квалитетен сон
Добриот одмор и сон во недела е најдобар начин да се ослободите од стресот кој го наметнува понеделничкото утро. Доволниот сон ве прави поотпимистични и ве остава да се чувствувате дека сте полни со енергија и подготвени да се справите со почетокот на неделата.