X
 04.02.2024 Здравје

Научници ги идентификуваа навиките што може да го продолжат животот

Научниците идентификуваа осум нездрави животни навики кои, доколку се променат, би можеле да го продолжат животот за над 20 години.

Според нов труд, невежбањето, употребата на опиоиди и пушењето имаат најголемо негативно влијание врз животниот век и може да доведат до 30-45 отсто поголем ризик од смрт.

Стресот, прекумерното пиење, лошата исхрана и лошиот сон биле поврзани со зголемен ризик од смрт за околу 20 отсто. Недостигот на позитивни социјални односи е осмата спомената навика и е поврзан со 5 отсто зголемен ризик од смрт.

Истражувањето, кое ги проучувало навиките за животниот стил, користело податоци од медицински досиеја и прашалници собрани помеѓу 2011 и 2019 година од 719.147 луѓе.

Тоа открило дека на мажите што ги имале сите осум здрави навики - вклучително и висока физичка активност и непушење - на 40-годишна возраст им се предвидувало да живеат во просек 24 години подолго од мажите што немаат ниту една од овие навики, а дополнителни 21 година за жените. 

Извор: Klix
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје