Кога ќе започнете со работниот ден, дали се чувствувате како Супермен или зомби? Ако сте како повеќето луѓе, веројатно се чувствувате како зомби.
Утрата на голем дел од луѓето се хаотични. Исцрпувачки. Тешки. Груби.
Сепак, Бенџамин Франклин еднаш рекол: „Раното одење во кревет и раното станување го прави човек здрав, богат и мудар“. Затоа, потребно е свесно да развиете
ефективна утринска рутина која ќе го промени и подобри целиот ваш живот.
1. Спијте 7 и повеќе часа (будете се помеѓу 5 и 6 часот наутро)
Националната фондација за сон спроведе истражување откривајќи дека најмалку 40 милиони Американци страдаат од 70 различни нарушувања на сонот. И не само тоа: 60% од возрасните и 69% од децата имаат проблеми со спиењето.
Дополнително на тоа, повеќе од 40% од возрасните се соочуваат со поспаност во текот на денот која ги попречува нивните дневни активности најмалку неколку дена во месецот - 20% изјавиле дека имаат проблем со спиењето повеќе дена во неделата.
Здравиот сон е поврзан со:
- зголемена меморија
- подолг живот
- намалено воспаление
- зголемена продуктивност
- зголемено внимание и фокус
- намалување на мастите и зголемена мускулна маса со вежбање
- понизок стрес
- намалено влијание на стимуланси како кофеинот
- намален ризик од несреќи
- намален ризик од депресии
Ако не го направите спиењето ваш приоритет, тогаш залудно читате понатаму.
2. Не ги проверувајте социјалните медиуми и вашиот меил
80% од луѓето помеѓу 18 и 44 години ги проверуваат нивните паметни телефони 15 минути откако ќе се разбудат.
Проверката на паметниот телефон ве става во реактивна (спротивно на активна) состојба. Меиловите и другите нотификации ви го одвлекуваат вниманието и може да ве оддалечат од вашата креативност.
3. Медитирајте
Наместо веднаш да го проверите меилот, одете на некое тивко место. Длабоко вдишете преку вашиот нос, држете го здивот неколку секунди и издишете преку вашата уста.
Затворете ги очите и изразете благодарност за овој ден.
4. Пишувајте поради две цели
Откако ќе изразете благодарност, земете го вашиот дневник. Напишете ги вашите цели - и долгорочни и оние за претстојниот ден.
Истражувањата потврдуваат дека мозокот е најактивен и креативен веднаш после будењето. Затоа е потребно да ги запишете проектите на кои работите. Со пракса, ќе станете ефикасни и полесно ќе добивате идеи.
5. Вежбајте
И покрај бескрајните докази кои покажуваат колку ни е потребно вежбањето, голем дел од луѓето не вежбаат редовно. Со редовното вежбање вашиот организам произведува допамин и ја зголемува вашата самодоверба и ве прави повеќе продуктивни.
6. Слушајте инспиративна содржина додека вежбате
Обичните луѓе бараат забава. Посебните луѓе бараат образование и учење.
Со слушање на аудио книги додека вежбате ќе се подобрите и ментално и физички истовремено. После подолг временски период ќе имате слушнато стотици книги.
7. Истуширајте се со постудена вода
Претприемачот Тони Робинс го започнува денот со пливање во базен со температура од 13 степени. Зошто?
Кога вежбате редовно, студената вода обезбедува позитивни долготрајни промени во имунолошкиот систем, циркулацијата на вашето тело и дигестивниот систем. Исто така може да помогне во губењето на тежината бидејќи го забрзува вашиот метаболизам.
Истражување од 2007 година покажува дека ладниот туш рутински може да помогне во лекувањето на симптомите на депресија.
8. Консумирајте 30 грама протеин
Доналд Лејман, професор по нутриционизам на Универзитетот во Илиноис препорачува консумирање на најмалку 30 грама протеин за појадок.
Тим Ферис во неговата книга „The 4-Hour Body“ исто така препорачува 30 грама протеин 30 минути откако ќе се пробудите.
Храната ботата со протеин ве одржува сити подолго време бидејќи потребно и` е подолго време за да се свари. Исто така, протеинот го одржува нивото на шеќер во крвта, со што спречува напади на глад.
Јајца, јаткасти плодови и семето се одличен избор.