X
 10.07.2018 Култура

Најпаметните книги за мозокот - Книги што ќе успеат да влезат во вашата глава

Дали внатрешната свест е читлива и дали може да се „аплоадира“? Дали постои во надворешниот свет? Еве неколку книги што даваат одговор на овие прашања.

Човештвото се одразува на свеста од моментот кога мислата станала можна. Што е доживувањето на бојата, допирот, вкусот, звукот, мирисот? Како се случува и каде? Дали светот е онаков каков што го доживуваме? Не постои филозоф што не дал придонес, а неодамна и невролог.

За да добиете одговор на дел од овие прашања, не е лоша идејата да го разгледате полето на оние што тврдат дека свеста е внатрешна и во самото тело, оние што тврдат дека го вклучува нашето тело и предметите околу нас, и оние што велат дека нашето искуство е надворешно.

Доминираат научниците кои сметаат дека е внатрешна. Можете да се вратите назад до Галилео, кажувајќи ни дека само во нашата внатрешност постојат бојата, мирисот и вкусот и дека перцепцијата и себичноста се нефизички супстанции поврзани со физичкиот свет.

Речиси сите невронаучници веруваат дека свеста е внатрешна. За оние што сакаат полесна книга, можат да ја прочитаат „Мозокот: Приказната за тебе“ на Дејвид Иглман. Постојат неверојатни информации за комплексноста на нашите 85 милијарди неврони и што тие прават кога го доживуваме ова или она, таканаречените неврални корелации на свеста. „Свест: Исповеди на романтичен редукционист“ од Кристоф Коч го поставува тврдењето дека ние сме нашиот мозок и дека знаењето за „поврзаноста“ на мозокот и активноста ќе ни овозможи да знаеме што една личност размислува преку испитување на активноста на мозокот.

Како тоа поврзување станува искуство е нешто што Џулио Тонони се обидува да го објасни во неговата книга „Патување од мозокот до душата“. Тој верува дека свеста се јавува кога извонредното ниво на меѓусебната поврзаност произведува нешто ново, наречено „интегрирани информации“.

Најсериозниот и најпознатиот современ интерналист е Даниле Денет, кој во „Видови на умови: Кон разбирањето на свеста“ гради еволутивен поглед кон свеста што некои организми го развиле благодарение на нивниот „намерен“ ангажман со светот, феномен што е помоќен кај луѓето поради откривањето на јазикот.

Осврнувајќи се на „енактивистите“, кои сметаат дека свеста е соработка помеѓу мозокот, телото и предметите, најдобра книга е „Надминување на умот: Олицетворение, акција и когнитивна екстензија“ на Енди Кларк. Кларк е внимателен, мешајќи ја идејата за претстава во главата со идејата дека предметите и мемориите што ги употребуваме стануваат дел од нашата свест.

Но најхрабар е филозофот и инженерот за роботика Рикардо Манзоти. Во „Раширениот ум: Зошто свеста и светот се едно“ тој негира дека постои нешто во главата освен неврони и електрохемија; искуствата што го сочинува нашиот живот лежат надвор и постојат благодарение на присуството на нашите тела и нашите неврони.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура