X
 01.07.2015 Технологија

Google повторно обвинет за манипулација на резултатите

Во април оваа година, Европската унија официјално ја нападна компанијата „Google“ обвинувајќи ја за манипулација на резултатите во пребарувањето и оттргнување на корисникот од резултати од конкуренцијата на компанијата. Компанијата не молчеше. Во една објава, „Google“ ѝ се обрати на Европската унија и се одбрани тврдејќи дека во резултатите има доволно конкуренција и дека таквите обвинувања на држат вода. Кој е во право?


Доколку му веруваме на ново истражување објавено неделава, „Google“ е во неволја. На чело со истражувањето стои Тим Ву, професор на Правниот факултет при „Колумбија“. Според неговото истражување, компанијата сè почесто ја промовира својата содржина како алтернатива на резултатите од другите интернет-страници.

Во текот на истражувањето, Ву користел алатка со која ги заменувал стандардните резултати со надворешни линкови кои се сметале за најповрзани со барањето на корисникт. Ву открил дека луѓето имаат 45% поголеми шанси да отворат резултати кои не биле поврзани со „Google“, што според него покажува дека компанијата не ги нуди најдобрите резултати на корисниците, ами ги промовира сопствените.



Вреди да се напомене дека тимот кој стои зад истражувањето бил финансиран од „Yelp“, најголемата конкуренција на „Google“.

Во меѓувреме реагираа и членови на Европската унија, кои се сигурни дека ова истражување ќе им ги зголеми доказите во случајот против компанијата „Google“.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија