Колку пати сте ја гледале серијата „Пријатели“ или „Сексот и градот“, иако секоја епизода ја знаете напамет? Сега постои доказ дека тоа е добро за вашето здравје.
Иако денес постојат голем број добри телевизиски серии, кога ни е тешко или кога едноставно сакаме да се опуштиме, им се навраќаме на сериите што веќе сме ги гледале.
Но, се чини дека тоа не е случајно и всушност постои психолошка причина поради која секогаш им се враќаме на омилените серии.
Како што е објаснето во истражувањето спроведено од Универзитетот во Чикаго, повторното гледање на истата содржина, без оглед дали станува збор за серија, филм или книга, на луѓето им причинува големо задоволство.
Како што е објаснето во истражувањето, луѓето што секогаш ги повторуваат своите хедонистички искуства го потврдуваат своето индивидуално искуство и посебното значење што тоа го има за нив.
- Без оглед дали станува збор за регресивна, прогресивна, реконструктивна, релациска или рефлективна повторна потрага, тоа е форма на активно барање, начин на барање нешто од минатото, начин да се стигне до сопственото вистинско „јас“, а не да се враќаат во минатото - велат авторите Кристел Антонио Расле и Сиднеј Џ.Леви.
Со други зборови, гледањето омилена серија безброј пати нè прави среќни и утешни.
Кога повеќе не сме сигурни во тоа кои сме, кога ни е лош денот на работа или дома, кога чувствуваме дека повеќе не сме поврзани со себеси, сакаме да ѝ се навратиме на серијата што нè формирала во нашите млади денови. Гледањето на телевизиските јунаци за кои ни се чини дека добро ги познаваме може да ни донесе чувство на топлина, поврзаност и смиреност.
Но, вреди да се забележи и тоа дека на зрели години омилената
серија можеби ќе ја доживееме на сосема поинаков начин или дека ќе ни отвори прашања што претходно не ни паднале на памет. Како и да е, гледањето на омилената серија е добар начин за опуштање.