Нова роботска рака може да им помогне на луѓе што користат инвалидски колички подобро да си ги завршуваат работите кои инаку може да се бидат предизвикувачки или деликатни.
„Џако“, роботската рака направена од страна на технолошката компанија „Кинова роботикс“, може да се прикачи на количка и да оперира како еден вид трета рака, помагајќи им на луѓето со ограничена мобилност да бидат понезависни.
Во промотивното видео може да се види како роботската рака зема и носи шолја со кафе, а зема и дел од сложувалка.
Луѓето можат да ја контролираат роботската рака користејќи ги истите контроли што веќе ги користат за да ја движат количката. Според шефицата на маркетинг во „Кинова“, Сара Вилвертон, компанијата ја интегрирала раката во постојните контроли за да ја направи колку што е можно полесна за контролирање.
- Многу е лесно да почнат да ја користат раката бидејќи е само екстензија на количката што веќе ја користат - истакна таа.
Иако роботската рака е направена за да им биде од помош на луѓето, таа и не е толку пристапна бидејќи чини неверојатни 35.000 долари.
Вулвертон истакна дека се работи на поевтина верзија, но дека намалувањето на цената значи и намалување на брзината на
раката.