X
 16.03.2020 Култура

Париз имал подвижна патека во 1900 година

Малкумина од нас се воодушевуваат кога ќе видат ескалатори или подвижни патеки како оние на аеродромите. Овие елементи се секојдневие во модерното време. Но, имало период кога тие ги зачудувале жителите на еден од најпопуларните градови во светот.

Подвижните патеки ѝ биле претставени на јавноста на Светската изложба во Париз во 1900 година. Патеките биле толку популарни, што му го привлекле вниманието и на Томас Едисон, кој испратил еден од неговите продуценти да го сними изумот. На видеото се гледаат деца како скокаат пред камерата и маж кој ја поздравува.


Фото: Wikipedia

Подвижната патека што била претставена во Париз се состоела од три платформи. Првата била статична, втората се движела полека, а третата била брза.

Но, историјата на подвижната патека не почнала во Париз. Нејзиниот креатор Алфред Спир во 1871 година патентирал систем на подвижни патеки со кои се надевал дека ќе го револуционизира Њујорк. Првата подвижна патека била изградена за изложба во Чикаго во 1893, но движењето чинело многу и системот имал технички проблеми. Затоа, оние подвижни патеки претставени во Париз останале запаметени во јавноста.


Автор: Колин Маршал
Извор: openculture.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура