Кошмарите може да бидат прв знак на предупредување за развој на Паркинсонова болест, велат истражувачи од Универзитетот во Бирмингем. Според новиот труд, двојно е зголемена веројатноста за подоцнежна дијагноза на Паркинсонова болест кај оние што почесто имаат кошмари.
Истражувањето било направено врз основа на податоци во период од 12 години од 3.818 постари мажи кои живеат сами во САД. За време на истражувањето биле дијагностицирани 91 случај на Паркинсонова болест.
Претходни истражувања покажале дека луѓето со Паркинсонова болест почесто имаат лоши соништа, но кошмарите претходно не се сметале за индикатор на ризик за болеста бидејќи врската не била доволно истражена.
Резултатите од новото истражување покажале дека постарите лица на кои еден ден ќе им биде дијагностицирана Паркинсонова болест веројатно ќе почнат да имаат кошмари неколку години пред развивање на симптомите на болеста, како што се треперење, вкочанетост и побавно движење.
Според докторот Абидеми Отаику од Центарот за здравје на човечкиот мозок од Универзитетот во Бирмингем, постарите лица што забележуваат промени во сонувањето и почнуваат да сонуваат кошмари без друга причина треба да побараат совет од лекар.
Извор:
Eklinika
Насловна фотографија: Freepik