X
 10.08.2018 Живот

„Тесла“ веќе бара работници за фабриката што ќе ја гради во Шангај

Од „Тесла“ почнаа со процесот на вработување во својата нова фабрика во Шангај, по само еден месец откако потпиша проект со локалните власти вреден 2 милијарди долари.

Според огласите објавени на интернет-страницата, компанијата бара 14 профили на работници, меѓу кои архитектонски дизајнер и финансиски менаџер. За повеќето позиции се бара минимум 6-годишно искуство и сениорско ниво. Компанијата почна да ги објавува огласите во неделата.

„Тесла“ минатиот месец потпиша договор со шангајските власти за изградба на фабрика надвор од САД, што ќе ја дуплира големината на глобалното производство на компанијата.

Извршниот директор Илон Маск неодамна изјави дека фабриката ќе чини 2 милијарди долари и дека планира проектот да се финансира од локален долг.

Од „Тесла“ истакнаа дека сакаат првиот автомобил во фабриката да биде произведен по две години откако ќе заврши изградбата.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот