X
 23.04.2016 Технологија

На што работи Илон Маск во моментов?

Најчесто, кога чуваш тајна, не ја кажуваш таа тајна секому. Претприемачот и иноватор Илон Маск е малку различен. Тој обожава да дава интересни изјави кои претставуваат мистерија за медиумите потоа. Некои од неговите последни коментари можеби претставуваат знак дека тој работи на нешто големо.


„Блумберг“ известува дека на Маск „му се испуштиле“ детали за време на конференција во Норвешка.

- Имаме идеја за нешто што не е автобус, но би го решило проблемот со метежот во центарот на градот - изјавил Маск на конференцијата.

Тоа е нов вид автомобил или возило кое би било добро за решавање на проблемите со јавниот превоз и кое ќе ги однесе луѓето до конечната дестинација, не само до автобуската станица, според Маск. Тој споменал „автономно“ пред да продолжи да дискутира за нешто друго.

Не би било изненадување доколку Маск се обидува да пронајде начин за менување на јавниот превоз. Тој веќе е во автомобилската индустрија со „Тесла“ и неговиот систем „Хиперлуп“ па не би било необично доколку Маск најде решение за проблемите со јавниот превоз кој го имаме денес.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија