X
 15.01.2025 Технологија

Сопственик на „тесла“ тврди дека автомобилот му го спасил животот од пожарите во ЛА

На 7 јануари Лос Анџелес се соочи со огромни пожари и оттогаш катастрофата што го погоди градот не е ставена под контрола – тамошните власти потврдија дека најмалку 24 луѓе загинаа во пламените јазици од различните пожари што зафатија цели населби.

Градот е сведок на најразорните пожари во својата историја, со четири одделни пожари кои сега горат низ северозападниот дел на Лос Анџелес. Сè започнало со пожарите во Палисадес, Итон и Херст, кои избувнале првиот ден.

Домовите на многу познати личности изгореа до темел.

Но, еден сопственик на автомобил „тесла“ вели дека автомобилот му го спасил животот.

- Кога режимот за биоодбрана всушност е корисен за пожарите во Лос Анџелес. Оваа „тесла“ буквално ми го спаси животот. Никогаш повеќе нема да купам друг бренд - напишал тој на платформата „Х“, во сопственост на Илон Маск.

Човекот ја поставил објавата со фотографии од него како вози во Лос Анџелес, пред да додаде:

- За оние што се прашуваат, мојот стан моментално е во пламен.

Што подразбира режимот биоодбрана на „тесла“?

Очигледно е поврзано со системот за филтрирање вграден во возилото.

- Ако вашиот „модел X“ е опремен со медицински филтер ХЕПА (High Efficiency Particulate Air), тој филтер обезбедува најдобар квалитет на воздух во кабината секогаш кога системот за контрола на климата е вклучен и надворешниот воздух влегува во кабината. ХЕПА-филтерот е исклучително ефикасен во отстранување честички, вклучително загадување, алергени, бактерии, полен, мувла и вируси. И ХЕПА-филтерот и секундарниот систем за филтрација содржат активен јаглен за отстранување мириси и гасови. Кога ќе го вклучите режимот за одбрана, позитивниот притисок во кабината ја минимизира количината на надворешен воздух што може да влезе во возилото - објасниле на веб-страницата на „Тесла“.

Извор: unilad.com

Фото: Platfom X

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија