Со дипломирањето секогаш не доаѓа и вработувањето. Може да поминат месеци или години додека не се вработите по дипломирањето. Можеби нешто правите погрешно. „Инфостуд“ објавува краток водич за зголемување на шансите за вработување.
Квалитет наместо квантитет
Досега можеби сте конкурирале на голем број огласи, но не сте имале резултати. Можеби е време за промена на пристапот. Започнете од своите квалитети. Размислете што имате да му понудите на работодавачот и ставете ги сите добри страни на хартија, па целете кон компаниите и огласите кои ви одговараат.
Не ги заборавајте старите колеги и познаниците
Доколку веќе сте имале работно искуство или практично искуство, од помош може да ви бидат контактите со колегите од претходните вработувања. Тие можеби нема да ви помогнат директно, но може да ве поврзат со луѓето кои би ви помогнале.
Освежете ја професионалната биографија
Професионалната биографија е најважен документ во потрагата по работа, но се обрнува внимание и на мотивационото писмо, па важно е двата документи да бидат квалитетно составени.
Учете од сопствените грешки
Велат дека „кој работи, тој и греши“. Направете листа од вашите работни грешки од минатото, откријте ги нивните причини и размислете што би направиле за да ги поправите во иднина.