X
 11.09.2018 Живот

Им фалат 300.000 луѓе: Ги примаат сите што ќе дојдат

Во Чешка невработеноста во август стагнирала на рекордно ниска стапка од 3,1 отсто, но се зголемил бројот на слободни работни места на дури 313.000.

Најмногу слободни работни места има во Прага, околу 63.000. Во овој град невработеноста е 2,2 отсто, а најмала е во регионот Карлови Вари, каде што работодавците нудат 8.700 работни места.

Бројот на невработени евидентирани во агенциите за вработување се намалил на најниско ниво од 1997 година, додека стапката на невработеност во споредба со август минатата година е помала за 0,9 отсто.

Најмногу се бараат работничките професии во градежништвото, за монтажа на производи, возачи на товарни возила, и работници во угостителството. Голема е побарувачката и за техничките професии во сите индустрии.

ceska

Чешките работодавци повеќе не инсистираат на целосна квалификација во професијата, ниту на нивото на образование, ни праксата. Како што известуваат чешките медиуми, доволно е човек да не пие и да има волја за работа.

-Приоритет за работодавците главно е интересот за работното место, подготвеноста да се научи новата работа, доверливоста, флексибилноста и желбата за работа. Работодавците сами ги обучуваат вработените и работат со нив интензивно, организираат курсеви и обуки - изјави генералната директорка на Агенцијата за вработување во Чешка.

Чешките синдикати веруваат дека за решавање на проблемите и за пронаоѓање работници треба да се зголемат платите.

Според податоците од Националниот завод за статистика од минатата недела, просечната плата во Чешка во вториот квартал се зголемила за 8,6 отсто во споредба со истиот период минатата година и сега е 1.250 евра бруто, односно 1.000 евра нето.

Просечната месечна заработка во Чешка порасна на 1.068 евра бруто, додека минималната плата за неквалификуваните работни места изнесува 478 евра. Загарантираната минимална заработка што работодавецот според законот за работни односи мора да ја исплати за најсложените и најодговорните работни места е 956 евра.

Највисоки се платите во Прага и во регионот во централна Чешка, каде што е концентрирана автомобилската индустрија. Тука платите достигнуваат до 1.556 евра бруто.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот