Неверојатно е како луѓето во последните стотина години успеале да изградат системи за патишта што ги поврзуваат поголемите делови од Земјата. Најголемиот ваков систем е во Евроазија и Африка, и низ него може да се вози.
Ова ново видео од „РиалЛајфЛор“ ја поставува тезата за тоа како би можеле да го поврземе остатокот од светот.
Постојат неколку главни прашања што треба да се разгледаат. Едно од овие прашања е и Беринговиот Теснец, замрзнатото море помеѓу врвот на Русија и Алјаска. Иако може да се изгради мост, суровите временски услови би го направиле тоа исклучително тешко и скапо.
Друг проблем е Дариен Гап, областа со мочуриште помеѓу Панама и Колумбија. Оваа област е полна со паравоени војници, дилери на дрога и други непријатни услови поради кои би било невозможно да се изгради патот. Исто така, рутата опишана во видеото бара изградба на мост помеѓу Мароко и Шпанија.
Да претпоставиме дека ќе ги надминеме сите проблеми -
патот што би можел да се изгради од Пуна Аренас, Чиле, до Кејп Таун, Јужна Африка, би бил долг 51.499 километри и би биле потребни 28 дена за да се извози. Не е баш најефикасниот начин за патување, но глетките би биле неверојатни.