X
 21.08.2024 Живот

Овој човек патува 50.000 километри за да испорача 50 писма, причината е трогателна

Кога Џон Бердмор го изгубил својот татко, кој боледувал од амиотрофична латерална склероза, решил да собере пари за истражување на оваа болест.

Размислувал како да ја започне својата мисија и дошол до неверојатна идеја. Набрзо тој се најде во центарот на вниманието на светските медиуми кои сега го следат секој негов потег.

Овој Новозеланѓанец решил да го следи обичајот што го започнале морнарите уште во 1793 година, па ги посетил еквадорските острови Галапагос. Целта на неговата посета било античко поштенско сандаче каде што посетителите оставаат писма и разгледници со надеж дека ќе ги земе брод што поминува. Се разбира, не постои гаранција дека пратката ќе стигне на вистинското место, но тоа се промени кога се појави Џон Бердмор.

1
Фото: Jon Beardmore

Тој го испразни поштенското сандаче и се впушти во несекојдневна авантура од Јужна Америка до Антарктикот и Европа, за лично да достави писма и разгледници на означените адреси.

Планира да ја заврши мисијата до 1 март 2025 година. Во спомен на неговиот татко, патувал десетици илјади километри, а истакнува дека најважниот дел од неговото патување е средбата со луѓето за кои се наменети писмата.

2
Фото: Jon Beardmore

- Тие ми ги откриваат најневеројатните работи од нивните животи откако ќе дознаат што правам - вели тој и додава дека доставил 50 писма на локации низ Јужна Америка, Северна Америка, Канада, Антарктикот и Европа, поминувајќи низ повеќе од 14 земји, но има уште многу работа.

- Сакам да истакнам што значи да се изгуби слободата на движење. Тоа го доживеа мојот татко, како и другите луѓе што боледуваат од амиотрофична латерална склероза - вели тој.

Досега има собрано повеќе од 10.000 долари за својата мисија од планираните 100.000 долари.

Тој ги документира своите патувања на мапа што може да се следи и ги споделува своите искуства на социјалните мрежи.

Извор: Metro.co.uk
Фото: Jon Beardmore
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот