X
 10.09.2018 Образование

Со #ЗнаешШто? во Струга се зборуваше за образование

Во четвртокот во 17 часот во Социјалниот Клуб Комбинати во Струга се одржа првиот од серијата настани под името #ЗнаешШто. Главна тема на настанот беа образовните можности за младите луѓе во Македонија како земја-членка на ЕУ. Модератор на настанот беше Назим Рашиди, а како негови главни соговорнички на темата едукација на млади зборуваа Валмира Истрефи од НВО Креативни и Активни и Дона Костуранова која е извршна директорка на Младинскиот Образовен Форум.

Овој настан е дел од проектот #ЗнаешШто кој го води Демокраси Лаб на национално ниво. Целта на овој настан е едукација на граѓаните за конкретни теми кои ги засегаат нивните заедници и можностите кои ги нуди Европската Унија на своите земји-членки при соочувањето и наоѓањето решение на слични предизвици.

Сефер Селими, основачот на Демокраси Лаб, платформа за градење и зајакнување на демократските вредности, особено кај младите лица и граѓанскиот сектор, вели дека главната цел на оваа серија настани е да се одговорат прашањата на граѓаните на различни теми од секојдневието кои нѐ засегаат сите нас. Он очекува дека по завршувањето на седумте предвидени настани низ целата држава, ќе бидат разјаснети сите бенефиции кои нашата земја би ги имала како членка на Европската Унија.



Потенцира дека сите заинтересирани се добредојдени да присуствуваат на настаните за да дознаат повеќе и да се информираат на оние теми кои ги засегаат, а подетални информации во однос на време, локација и тема на дискусија на наредните дијалози можат да ги најдат на Фејсбук страната на Демокраси Лаб.

Наредниот настан е предвидено да се одржи во понеделник, 10 септември, во основното училиште „Браќа Рамиз и Хамид“ во Шуто Оризари, каде ќе се дискутира за механизмите за борба против сиромаштијата во Македонија како земја-членка на ЕУ.


(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование