На ниво на Европската Унија просечните трошоци за еден работен час минатата година изнесувале 26,8 евра, покажуваат податоците на Евростат.
Најголеми биле трошоците во индустријата, 27,4 евра за час. На второ место е услужниот сектор со 26,6 евра, додека најмали трошоци се забележани во градежниот сектор, каде што изнесувале 23,7 евра за час.
Истовремено во
еврозоната просечните трошоци за работа по час минатата година изнесувале 30,3 евра. Индустријата е предводник со 33,4 евра за час, потоа следува услужниот сектор со 29,3 и градежниот со 26,7 евра за час.
Уделот на придонесите во вкупните трошоци за работа за час во ЕУ изнесувал 24 отсто, а во еврозоната 25,9 отсто. Според статистиката, има големи разлики во трошоците за работа меѓу земјите од ЕУ, при што во горниот дел од листата доминираат скандинавските и земјите од Бенелукс, додека во долниот дел се земјите од Источна и од Југоисточна Европа. Така, највисок просечен трошок за час работа во економијата во 2017 година забележала Данска, од 42,5 евра. Следуваат Белгија со 39,6, Луксембург со 37,6, Шведска со 36,6 и Франција со 36 евра.
Фото: Pixabay
Најмал просечен трошок за работа по час бележи Бугарија со само 4,9 евра за час, а потоа се Романија со 6,3 евра, Литванија со 8 евра, Летонија со 8,1, Унгарија со 9,1 и Полска со 9,4 евра. Хрватска исто така е во таа група со просечни 10,6 евра.
Најголем удел во вкупните трошоци за час работа во 2017 година забележала Франција со 32,8 отсто, односно Шведска со 31,1 отсто.