X
 07.11.2022 Живот

Дали само богатите ќе возат автомобили?

Европската Унија неодамна постигна договор за законот со кој се забранува продажбата на нови автомобили на бензин и дизел од 2035 година. Иако договорот е презентиран како добра вест за возачите бидејќи новите автомобили со нулта емисија треба да станат поевтини и подостапни, челникот на „Бе-ем-ве“, Оливер Ципсе, не мисли така.

При посета на САД тој изјави дека преминувањето исклучително на електрични автомобили многу брзо ќе доведе до исчезнување на понудите на производителите на евтини автомобили и тоа ќе се одрази врз социјалната структура на луѓето што поседуваат автомобили.

Ципсе истакна дека ЕУ со овој закон на легален начин им ги одзема автомобилите на граѓаните.

- Ова е опасен потег, на крај ќе имаме ситуација во која само богаташите ќе купуваат автомобили. На луѓето треба да им се понуди избор, а не ограничувања. Да нема забуни, „Бе-ем-ве“ ќе биде 100 отсто подготвен за електрични автомобили, но не сум сигурен за остатокот од автоиндустријата. Нема сомнеж дека ќе дојде до гасење на голем број работни места, ќе страдаат и доставувачите, но и многу други во синџирот - заклучи Ципсе.

Извор: Jutarnji
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот