X
 10.09.2021 Живот

МЗ: 80% од новозаразените со ковид-19 и 84% од хоспитализираните се невакцинирани

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со ковид-19, во период од 6 август заклучно со 9 септември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втората доза.
Во период од 6 август до 9 септември 2021 на територија на државата 26.053 граѓани се позитивни на ковид-19 од тестираните, од нив 19% биле целосно вакцинирани, односно 5.175 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани што се заразиле со ковид-19. Според статистика за изминативе пет недели, 20.878 граѓани, односно дури 80% од позитивните на ковид-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица што се невакцинирани изнесува 84%, додека само 16% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.

Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од пет седмици на територија на државата починале 678 лица со ковид-19, 591 пациент (87%) од починатите не биле вакцинирани, а само 87 (12%) примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.
Заразените и починатите се вакцинирани со вакцини што ги има на располагање кај нас, како и вакцини „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“, кои некои од пациентите ги примиле во странство.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход. Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот