Првпат по 50 години еден астронаут на обука ја напушта американската Национална администрација за аеронаутика и вселена, попозната како НАСА.
Кандидатот Роб Калин, кој има 34 години, одлучил да ја напушти НАСА на средината од својата двегодишна обука во Вселенскиот центар „Џонсон“ во Хјустон.
Портпаролката на агенцијата, Бренди Дин, истакна дека тој заминува поради лични причини, кои НАСА не може јавно да ги каже поради законот за приватност.
Калин беше меѓу 12-те астронаути што минатата година беа избрани меѓу 18.300 лица
пријавени за обука.