X
 12.01.2017 Наука

НАСА направи игло на надувување за живот на Марс


Игло на Марс, идејно решение на НАСА

Експертите од дизајнерското студио „Ленгли“ во Вирџинија креираа проект на куполи што се дуваат и кои во комбинација со вода би можеле да послужат како први станбени објекти и истражувачка станица на Марс.

„Студената купола на Марс“ (Mars Ice Dome), има дел што може да се дува, и кој е лесен за транспорт. Кога ќе се надува, надворешната обвивка се полни со вода и замрзнува. На Црвената планета има доволно вода во смрзната состојба, како на пример, во Рамнината Утопија. Можноста за користење на овие подземни резервоари бездруго е еден од предусловите за колонизација на Марс, па веќе се работи на соодветните концепти.

Одличната заштита од космичкото зрачење е дополнителна предност на водениот, односно замрзнатиот слој. Смртоносното зрачење на честичките со висока енергија спаѓа во најголемите ризици на астронаутичките мисии на Марс. Доволно дебел слој би ги штител „станарите“ во иглото извесно време, а освен тоа, би можел да се искористи и за водоснабдување.

„Материјалите од кои ќе биде направена станицата треба да се издржливи за негостољубивите услови на Марс“, вели Шила Ен Тибо од институтот „Ленгли“.

Во соработка со експертите за материјали веќе се најдени можни решенија, при што се водеше сметка материјалите да пропуштаат барем малку светлина во внатрешноса на иглото, за  атмосферата да биде што попријатна.

Ценејќи според првите геолошки модели за извлекување на резерви на вода под површината на Марс, „Mars Ice Dome“ би можел  целосно да се наполни во рок од 400 денови. Ова е многу поедноставно решение од изработка на објекти под земјата, па станицата би можела да биде завршена пред да стигнат „станарите“, што би бил значаен психолошки ефект. „Прекрасно би било кога по повеќемесечно патување низ вселената, новиот дом би би подготвен за вселување“, вели Кевин Кемптон од институтот „Ленгли“.

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука