Американец, далечен роднина на Хитлер, се вљубил во Еврејка, но врската не успеала бидејќи таа ја дознала семејната историја.
Браќата Александер, Брајан и Луис Стјуарт-Хјустон се внуци на Алоис, полубрат на Адолф Хитлер, и се последните живи роднини на нацистичкиот лидер. Нивниот дедо се оженил за Ирка и живееле во Даблин, а оттаму се преселиле во Англија, па во САД.
Сето тоа се случило пред Втората светска војна. Нивниот татко Вили Хитлер се вклучил во американската морнарица и се борел против Германците, што било популарно наречено Хитлер против Хитлер.
Фото: Wikipedia
Тројцата браќа, кои денес живеат на Лонг Ајленд, имале и четврти брат, Хауард, кој загинал во сообраќајна несреќа пред 30-ина години.
Александер за повеќе медиуми има раскажувано дека еден од браќата, кој сè уште не сака да го именува, бил во врска со Еврејка и сакал да се ожени со неа, но кога таа дознала за неговата семејна лоза, го напуштила.
Тој за „Дејли мејл“ изјави дека тие одлучиле да не се женат и да немаат деца за „да се прекине крвната линија“ на Хитлер.
Извор: МИА
Браќата на Александар: Луис и Брајан. Александар открива дека едниот од нив (не открива кој) бил свршен со Еврејка додека таа не дознала за неговата семејна тајна